Кина е најголемиот купувач на злато во светот

- Advertisement -

Кина увезла 1.343 тони злато во 2022 година, што е најмногу од 2018 година досега. Вкупниот увоз на злато во земјата скокнал за 64% во споредба со 2021 година. Со тоа Кина е најголемиот купувач на злато во светот.

Побарувачката за злато во Кина се покачи во втората половина од минатата година откога владата олабави некои од мерките вовед3ени поради пандемијата на КОВИД. Така, само во декември минатата година Кина увезе дури 157 тони злато.

- Advertisement -

Во текот на првата половина од 2022 година имаше карантини во земјата, кои ја потиснаа побарувачката и увозот на злато. Како што се олабавуваа мерките и цената на златото го достигна врвот во последните години, скокна увозот во втората половина од годината.

Според Светскиот совет за злато, кинескиот пзар за злато продолжил да расте и минатиот месец. Ова е знак и за закрепнувањето на кинеската економија после пандемијата.

- Advertisement -

Народната банка на Кина континуирано купува злато и во периодот од 2022 до 2019 година има акумулирано 1.448 тони злато. Потоа следуваше затишје во периодот на пандемијата и повторно се пробуди од ноември минатата година.

Ако оваа побарувачка за злато во Кина продолжи да расте и во 2023 година, ќе предизвика скок на цената на златото и скок на побарувачката на глобално ниво. Во 2022 година побарувачката за злато на глобално ниво скокна за 18% на 4.741 тон, што е највисоко во последните 11 години.

- Advertisement -

(Oil Price)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -