Нов повик за социјални иновации поврзани со климатските промени на тема почва во рамки на UPSHIFT програмата

- Advertisement -

Отворен е најновиот повик за социјални иновации поврзани со климатските промени во рамки на UPSHIFT програмата, наменета за средношколци. Најновиот повик од програмата е посветен на тема почва. Во рамките на овој циклус, тимовите составени од најмногу 5 средношколци треба да достават предлог решенија за проблеми/предизвици поврзани со почвата вклучувајќи:

  • Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон намалување на емисиите на стакленички гасови кои произлегуваат од користење на почвата.
  • Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон намалување на токсичноста на почвата произлезена од отпадни води и/или идустриски активности.
  • Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон искористување на стакленичките гасови настанати со користење на почвата за други цели.
  • Предизвици/проблеми и предлог решенија кои се насочени кон одговорно користење и третирање на почвата.

Повикот е отворен до 19.02.2023, а повеќе информации за повикот и како може да аплицирате може да прочитате на официјалната страна на UPSHIFT: https://upshift.lead.org.mk/upshift-ciklus-4-pochva/ .

- Advertisement -

UPSHIFT како програма за социјални иновации, се базира на решавањето на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина. Во рамки на UPSHIFT програмата во 2022 година се одржани три циклуси на три различни теми и тоа: вода, воздух и енергија, со над 520 пријавени учесници од кои 150 биле избрани во финалната рунда од програмата односно, секој циклус вклучува избор на 10 тимови финалисти од кои понатаму се избираат 5 победнички тимови кои освојуваат 120 000 денари за реализација на нивните решенија.

Доколку си средношколец кој има предлог решение  насочено кон одговорно користење и третирање на почвата, формирај тим од 5 соученици, пополни го апликацискиот формулар за четвртиот UPSHIFT циклус и освој 120 000 ден за реализација на твоето решение. Биди во тек со најновите информации за UPSHIFT и заследи ги профилите на LEAD на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ што го спроведува УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ. 

Сподели!
- Advertisement -