ВИДЕО: Ова се најбрзите чевли во светот

- Advertisement -

Иноватори успеаја да ги создадат најбрзите чевли во светот. Овие необични чевли ви овозможуваат да се движите со брзина од 11 км/ч. Таа брзина е еднаква на брзината со која вообичаено се трча.

Чевлите се викаат Moonwalkers и работат со помош на мал електромотор. Тој електромотор ги придвижува осумте тркалца на долниот дел од чевлите. Во тркалцата, пак, има систем со вештачка интелигенција кој се прилагодува на одот на корисникот. На тој начин функционираат како еден вид на продолжение на нозете на луѓето.

- Advertisement -

Со чевлите може да се поминат 10 км пред да се испразни батеријата. За да се качувате по скали треба само да ја подигнете ногата и тоа ги става чевлите во заклучен начин на користење. Кога ќе ги поминете скалилата треба само да ја подигнете ногата и да ја свртите на страна за повторно да се активираат тркалцата.

Чевлите ги направи компанијата Schift Robotics. Основачот на компанијата, Ксун Ји Жанг, дошол на идејата за чевлите откако еден ден некој го соборил од скутерот што го возел. После тоа одлучил да пешачи до работа, па му требал побрз начин на одење.

- Advertisement -

Овие чевли може да бидат идниот начин на одење, односно патување до работа во целиот свет кој нема да има никаква емисија на гасови и ќе им помогне на тие што треба да стигнат некаде побрзо.

Единствениот проблем може да биде цената. Сепак, во моментот секој може да ја поддржи нивната кампања на Kickstarter и со донација од 1.099 долари за пар да си осигура еден пар вакви чевли. Се очекува првите чевли да бидат доставени до корисниците во март оваа година.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Schift Robotics)

Сподели!
- Advertisement -