Рекордно малку мраз на Антарктикот

- Advertisement -

Во моментот околу антарктикот има многу помалку мраз во водите отколку кога било од доцните 1970-ти години досега. Кога на јужната хемисфера е лето се очекува да има помалку мраз, но оваа година количината мраз е алармантно помала, велат од Националниот дата-центар за снег и мраз.

Ветровите и топлиот воздух ја намалиле површината на мраз на помалку од 1,91 милиони квадратни километри. Овие податоци се од 13 февруари, а допрва ќе следува топење на мразот.

- Advertisement -

Минатата година беше достигнат преходниот рекорд од 1,92 милиони квадратни километри под мраз, но тоа се случи дури на 25 февруари, Три од последните рекордно ниски количини на мраз се случија во последните 7 години: 2017, 2022 и сега 2023 година.

Истражувачите, бродовите крстосувачи и рибарите сите ги потврдуваат овие податоци со тоа што го гледаат на терен – најголем дел од досега замрзнатата површина сега е вода. Само на Веделовото Море има доста мраз.

- Advertisement -

Научниците сметаат дека ваквите случувања на мразот на и околу Антарктикот се сложен феномен кој не може да се припише само на климатските промени. Ако се погледнат сателитските податоци од последните 40 години, ќе се види дека има големи промени на количината мраз низ годините, но во последните неколку години нагло се намалува топењето на мразот.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -