Убавината на Охрид и на Охридското Езеро забележани од специјализираниот туристички интернет-магазин „Travel off path“

- Advertisement -

Специјализираната интернет-страница за патувања и туристички доживувања „Travel off path“, една од најреномираните на северноамериканскиот континент, објави текст посветен на Охрид и на Охридското Езеро. Во неа посетата на Охрид е посочена како неверојатно искуство, „патување што нуди чисто блаженство и спокојство…“

(Travel off path)

- Advertisement -

Овој мал град во Европа е најмирното место што може да се замисли

На само 30 минути возење веднаш до границата со Албанија се наоѓа спокојниот крајезерски град во Северна Македонија. Овој мал град со 40 илјади е прекрасна, драгоцена тајна за жителите од регионот, независно дали доаѓаат само на викенд или да го направат тука своето летно бегство.

- Advertisement -

За останатите од целиот свет, тоа место високо би било рангирано на листата како дестинација за нивниот следен одмор или место од соништата за пензионерските денови, само доколку би знаеле дека ова место постои.

Добредојдовте во Охрид!

- Advertisement -

Охридското Езеро е едно од најголемите инајдлабоките слатководни езера во Европа. Поточно, тоа е поделено меѓу две земји, Албанија и Северна Македонија (попозната како Македонија). Езерото изгледа неверојатно чисто, независно од кој страна се погледне. Но, малиот град Охрид на источната страна од езерото е местото за најдобро искуство. Оние кои ќе се решат да го посетат нема да бидат разочарани!

Повеќе авиокомпании веќе имаат свои летови, како до Тирана така и до Охрид, што го прави мошне попристапен отколку што беше порано. Овој шармантен град е всушност само два часа патување од главниот град на Албанија, споредбено со четирите часа патување од главниот град на сопствената земја – Скопје.

Историскиот град Охрид

Охрид, дел од светското наследство на УНЕСКО, е мешавина од старото и новото, како и многу други европски градови. Стариот град е местото каде што туристите ќе го откријат чукањето на срцето на Охрид.

Улиците и сокаците со калдрма го испресекуваат цик-цак центарот на градот, исполнети претежно со локални жители кои одат на прошетка или со дигитални номади со нивните лаптопи, испоседнати терасите од кафулињата. Македонците го живеат животот во бавно темпо, тука тоа е лесно забележливо. Сакате кафе, на пример? Можеби ќе треба да почекате вашиот келнер прво да ја заврши утринската цигара пред да ја прими вашата нарачка. Ви треба возење со такси? Можеби вашиот возач сè уште не завршил со читање на весникот… Точно така, весник!

Бројни ресторани во Стариот град нудат свежа риба директно од езерото и евтини локални пијалоци. Повеќето од нив имаат свои тераси на отворено, за посетителите да можат да уживаат во спокојното свежо ветре и да уживаат во прекрасната глетка кон Охрид. Многу од тие угостителски објекти се специјализирани за кујна од соседните земји, Грција или дури Турција, така што оние кои сакаат да се нагостат тука навистина не можат да згрешат!

Патување назад во времето

Шетајќи низ Стариот град и околните улици, сигурно ќе наидете на црква. Всушност, спротивното би било речиси невозможно затоа што овој град некогаш бил познат по тоа што имал 365 цркви – различна црква за секој ден од годината!

Целиот телкст на ohridnews.com

Сподели!
- Advertisement -