Топ 7 најодржливи универзитети во светот

- Advertisement -

Здравјето и едукацијата се интерконектирани, Едуцираните луѓе почесто забележуваат кога се болни, почесто бараат медицинска помош и се поинформирани за болестите, генерално.

Ако светот сака да ја достигне третата цел за одржлив развој: добро здравје и добросостојба (Sustainable Development Goal (SDG) 3: Good Health and Well-being), јасно е дека потребен е мултидисциплинарен пристап од сите засегнати страни кој се залага за подобра едукација.

- Advertisement -

Институциите за високо образование, како што се универитетите, се во фокусот на колективниот напредок и развој на човештвото и тие играат централна улога во достигнувањето на SDG 3.

Според индексот на одржливост на QS World University Rankings, ова се топ 7 најодржливи универзитети во светот. Ова е прв пат да се направи вакво рангирање на универзитетите, а критериумите по кои се оценувале се: влијание врз животната средина, односно какви напори прават за станат „позелени“ и да ја промовираат климатската едукација; и влијанието врз општеството, односно што преземаат за да промовираат еднаквост, диверзитет и социјална правда.

- Advertisement -

На седмо место е Универзитетот Токио во Јапонија, кој има изградено кампус со ниска емисија на СО2. На шесто место е Универзитетот на Сиднеј, Австралија, каде што постои Институт за животна средина, кој ги обединува хуманите и општествените науки во борбата против климатските промени.

На петто место е Универзитетот на Јужен Велс, Австралија, кој има 100% нула оперативна емисија на гасови и користи 100% обновлива соларна енергија.

- Advertisement -

На четврто место е Универзитетот Единбург во Обединетото Кралство, кој има оценка 98,3 од 100 за својот социјален импакт.

На трето место е Универзитетот на Британска Колумбија во Канада, чиј кампус е вистинска жива лабораторија и место за експериментирање со проекти за енергија, храна и транспорт.

Универзитетот Торонто, Канада, е на второ место, каде што студентите можат да избираат некој од над 3.000 додиплонски студии на темата одржливост.

На челната позиција е Универзитетот Беркли во Калифорнија, САД, каде што 50% од курсевите на кампусот се на темата одржливост.

 

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -