Мал град на далечниот север ќе биде првиот во светот кој комерцијално ќе произведува зелен челик. Производството на челик е заслужно за 7% од вкупната емисија на стакленички гасови во светот. Од таа причина веќе некое време се развиваат технологии кои производството треба да го направат еколошки поприфатливо. Во тоа предничи новата челичана H2 Green Steel, која е сместена во градот Боден, на околу 600 км од главниот град на Шведска.
Централниот дел на челичаната ќе биде висока градба наречена DRI кула (DRI значи директна редукција на железо). Во него водородот ќе реагира со железната руда и ќе создава вид на железо кое може да се користи за изработка на челик. За разлика од коксниот јаглен, кој доведува до емисија на јаглерод, нуспроизвод на реакциите во DRI кулата е водена пареа.
Водата од блиската река поминува низ електролизер – процес кој го одвојува водородот од молекулите на водата, а електричната енергија која се користи за производство на водород и погонот на електраната се добива од локални извори на енергија без фосилни горива, вклучувајќи хидроенергија и електрани на ветар сместени во регионот.
H2 Green Steel сака производството на зелен челик да го подигне на 5 милиони тони до 2030 година. Со оглед на тоа дека во светот годишно се произведуваат околу 2.000 милиони тони, ова е само капка во морето, но може да поттикне други производители да се свртат кон зелено производство.
(Vidi.hr)
(фото: Pxhere)