Ова е најдобриот телефон во светот според перформансите на батеријата

- Advertisement -

Многу фактори влијаат на тоа кој смартфон ќе изберете да го купите. Цената, се разбира, најчесто е еден од пресудните, но понекогаш на врвт на листата се и некои приоритети како моќноста на хардверот, квалитетите на камерата, а за некои најбитна е батеријата, односно бараат телефон за кој нема да мора со себе да носат полнач или постојано да бараат место каде да го наполнат.

Според водечката светска лабораторија за проценка на квалитет DXOMARK, телефонот кој се наоѓа на прво место според перформансите на батеријата е HONOR Magic 5 Lite. Станува збор за телефон кој е дел од серијата HONOR Magic5, кој ќе биде претставен на годинашниот Светски мобилен конгрес во Барселона.

- Advertisement -

Лабораториските тестирања на телефонот, односно на батеријата биле направени со помош на робот кој имитира човечки гестови и се напраени за симулација на користење во реално време. Тестирањата вклучувале четири планови за тестирање на издржливоста – класичен начин на користење, надворешен тест во движење, калибриран тест и тест на полнење. Резултатите се приличн импресивни и батеријата на овој уред издржала дури 3 дена постојано користење.

Како што додаваат, струјата на празнење на уредот била многу ниска во сите начини на употреба, што покажува дека инженерите вложиле многу напори за оптимизација на перформансите. При развојот на батеријата, која е 3% потенка од обичните батерии од тој тип, а распоредот е оптимизиран за маскимално да се искористи просторот, од HONOR велат дека нашле валанс меѓу перформансите и користењето на просторот за оптимизирање на распоредот на антените. Така успеале во прилично тенок уред да стават батерија со капацитет од 5100 mAh.

- Advertisement -

HONOR го унапредил и својот софтвер и имплементирани се други опции за чување на батеријата како интелигентно користење на чиповите, контрола на нивото на процесирање на апликациите, избор на паметна мрежа и управување со непредвидена потрошувачка на енергија.

(Zimo.hr)

- Advertisement -

(фото: Honor)

Сподели!
- Advertisement -