Во Манчестер поставена првата пешачка патека за луѓе кои користат телефон додека се движат

- Advertisement -

Во Манчестер беше инсталирана првата пешачка патека за луѓето кои пишуваат пораки или сурфаат на телефон додека се движат. Сите знаеме колку се опасни мобилните телефони ако се користат додека возиме автомобил, моторицикл или велосипед, но сигурно сте се разминувал и со луѓе кои се судриле во вас или во некој ѕид затоа што пишувале порака или сурфале наместо да гледаат каде одат. Или можеби вие сте едни од таквите луѓе.

Затоа, британската онлајн-продавница AO Mobile во Манчестер одлучи да ја постави првата „mobile lane“ патека за пешаци во светот на кои телефонот им го одвлекува вниманието додека одат. Патеката со должина од 75 метри беше во функција само 24 часа, но од AO се задоволни од реакциите од страна на корисниците и веруваат дека таквите патеки во иднина ќе се најдат по тротоарите на многу градови.

Сподели!
- Advertisement -