Samsung претстави патент на паметен часовник со многу нови иновации

- Advertisement -

Популарноста на паметните телефони е се поголема и за многумина ќе ги замени класичните часовници со стрелки, какви што користевме со години. Со секоја нова генерација овие уреди добиваат нови и покорисни опции, а производителите речиси секогаш се фокусирани на фитнес и на здравје.

Но, некои компании размислуваат и надвор од тие рамки, а за тоа се доказ патентите кои беа претставени неодамна. На интернет се појавија информации за патент на Samsung за паметен часовник со вграден проектор. Јужнокорејската компанија прва претстави телефон со вграден проектор пред десетина години, но се покажа дека таа опција не е многу интересна за корисниците. Патентот за Galaxy Watch изгледа прилично интересен, иако допрва во пракса треба да се види дали таа опција би била корисна, односно колку често ќе се користи.

- Advertisement -

Патентот опишува минијатурен проект сместен во куќиштето на часовникот, кој може да проектира слика на горниот дел од дланката. За да се осигура оптимален приказ на сликата проекторот може да ја прилагоди светлината и длабочината, се цели во патентот.

Интересно е тоа што проекторот може да прикажува слика која се разликува од содржините на екранот на самиот часовник. На пример, ако во порака примите некакво видео кое не е прилагодено за приказ на екранот на часовникот, таквото видео може да се прикажува на раката.

- Advertisement -

Не е познато дали Samsung ќе одлучи за развој на прототипот, но секако е интересно да се види за какви иновации размислуваат во големите технолошки компании.

(Wareable)

- Advertisement -

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -