БиХ во 2023 година ќе го лансира својот прв сателит во вселената

- Advertisement -

Босна и Херцеговина наскоро треба да го лансира својот прв сателит во орбитата, и тоа до крајот на првата половина од годинава. Станува збор за сателит кој е подарок на Индиската вселенска агенција за Вселенска асоцијација на Југоисточна Европа.

Сателитот бил подарок по повод 75 години независност на Индија. Индија тогаш планира да лансира 75 сателити, односно три ракети со по 25 сателити, меѓу кои ќе биде и босанскиот.

- Advertisement -

Ракетата која ќе го носи првиот сателит од овие простори во вселената требаше да биде лансирана на крајот на минатата година, но беше одложено поради одредени проблеми.

Центарот за едукација и роботика, иновации и технологија од Мостар, БиХ, ќе претседава со Вселенската асоцијација за Југоисточна Европа во наредните четири години затоа што Управниот одбор на асоцијацијата одлуќил седиштето да биде во БиХ.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -