Вселенската компанија Blue Origin на основачот на Аmazon, Џеф Безос, објави дека развиле нов метод за производство на соларни ќелии со коритење на лунарен реголит. Blue Origin поднесе жалба против НАСА откако американската вселенска организација го избра SpaceX за мисиите на Месечината. И покрај оваа кавга, Blue Origin може да игра суштинска улога во одржувањето на населбите на Месечината поради својата најнова иновација, наречена Blue Alchemist.
Методот Blue Alchemist користи течна електролиза за да го издвои алиминиумот, железото и силиконот од кислородот во лунарниот реголит и да ги екстрахира тие материјали за производство на материјали за соларни ќелии. Во соопштението за јавност Blue Origin посочи дека оваа техника може да се користи за производство на соларни ќелии, стакло и жици од алиминиум. Потребна е само сончева светлина за сето тоа да функционира.
Методот може да се покаже витален за поставување на трајни населби на Месечината во рамките на програмата Artemis и драстично да ги скрати трошоците за транспорт на материјалите до Месечината. Во соопштението Blue Origin вели дека нивнтие соларни ќелии можат да функционираат во суровите услови кои ги има на Месечината, и тоа во период од десетина години.
(Interesting Engineering)
(фото: Pexels)