Во Азија се почесто наидуваме на роботи кои можат да прават се – од обезбедување, чистење болници до грижа за старите лица по домовите. Некои од најголемите установи за нега во Јапонија успешно вработија еден автономне робот кој чисти, доставува храна и се грижи за пациентите.
Aeo, Аndroid на тркала, постигна голем успех во Јапонија, Хонгконг и во Тајван, каде што го користат некои од најголемите установи за нега. Станува збор за робот кој може да преземе улога на чувар, чистач, na дури и да ја преземе работата наперсоналот во старечките домови.
Aeo е целосно автономен, но човечкиот персонал може да го проверува на далечина преку апликација и видеопренос во живо. Вградените камери и инфрацрвенитер сензори овозможуваат роботот сам да се движи низ ходниците со брзина од околу 3 км/ч.
Роботот има две механички раце, на кои мое да се фиксираат разни алатки – клешти за управување со лифтови, отворање врата, затворање прозорци и земање предмети од полици високи до 213 см.
Со едната рака може да отвори врата, а со другата да достави храна или таблети за пациентите, додека неговите камери и сензори можат да потврдат дали корисникот е добро. Aeo е доволно силен да подигне 4 литри млеко, но и довлно неѓен да држи телефон во рака без да го пушти или да го смачка. Роботот може да се опреми и со ултравиолетово средство за дезинфекција на кваките на вратите и другите површини.
(Bizlife)
(фото: YouTube)