Според Меѓународната агенција за енергија, Азија до 2025 година ќе тропи половина од електричната енергија во светот. Кина е најголем фактор во оваа промена – до 2000 година трошеше само 10% од сета струја произведена во светот, а се претпоставува дека до 2025 година ќе троши 33%.
Иако сега бројот на жители во Кина се намалува, растечкиот животен стандард значи поголема побарувачка за струја. Се очекува дека бројот на жители во одредени азиски држави до средината на овој век ќе расте континуирано, што исто така значи поголема побарувачка за струја. Освен тоа, ќе расте и животниот стандард во тие држави.
Како што објавија од Светскиот економски форум, Азија се повеќе користи обновливи извори на енергија, но поради огромната побарувачка зависи и од струја произведена од јаглен. Во Кина истовремено се зголемува и производството на струја од обновливи извори и од јаглен.
И покрај тоа што во земјата со најмногу жители во светот се градат термоелектрани, се очекува дека наскоро ќе почне да се намалува емисијата на штетни гасови. Сепак, и понатаму ќе биде на високо ниво. Исто така, се очекува дека ќе продолжи емисијата на штетни гасови во другите азиски земји.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)