JW Player пристигна во Македонија

- Advertisement -

Водечката SaaS видео платформа JW Player оствари аквизиција на македонската компанија InPlayer, препознатлива по своите врвни решенија за видео стриминг на глобално ниво.

Со аквизицијата, JW Player го отвори својот нов дом, додавајќи го Скопје на својата растечка листа на глобални седишта меѓу кои се вбројуваат Њујорк, Лондон и Ајндховен.

- Advertisement -

JW Player има за цел да ги донесе своите робусни специјализирани решенија за монетизација и аналитика на корисниците во Македонија, обезбедувајќи со тоа дополнителна вредност на добро познатата платформа која веќе опслужува над 10.000 клиенти ширум светот, вклучувајќи ги Eurosport, Vice, FOX, Sky и други.

Во 2008 година, JW Player (JWP) го создаде првиот светски „open-source“ видео плеер. JW Player е лидер во развојот и имплементацијата на клучните иновации за видео на веб,  уште од своите најрани денови кога се јавуваше како клучна основа за функционирање на оригиналниот YouTube.

- Advertisement -

Како лидер со повеќе од 40.000 емитувачи ширум светот, целта на JWP е да ја креира најдобрата можна платформа за компаниите чии бизниси се потпираат на видео. Нивната понуда вклучува видео хостинг и стриминг, алатки за рекламирање како и прецизна аналитика за 1 милијарда уникатни месечни гледачи, на 2,7 милијарди уникатни уреди во 200 земји ширум светот.

„Денес остваривме важен чекор во диференцијацијата на JW Player на пазарот, особено во сегментот на видео монетизација. Аквизицијата на InPlayer значи комбинирање на нивните врвни решенија за претплата, наплата и менаџирање на корисници, со нашите веќе докажани можности за рекламирање.“ – изјави Дејв Отен, извршен директор и ко-основач на JW Player, укажувајќи дека комбинацијата на двете компании неминовно ќе доведе до уште поголем раст и напредок.

- Advertisement -

Прочитајте повеќе за JW Player: https://jwplayer.com/

Сподели!
- Advertisement -