Samsung разви технологија за директна комуникација на телефоните со сателитите

- Advertisement -

Иако се очекуваше Samsung uво своите нови телефони од линијата Galaxy S23 да претстави технологија за сателитска комуникација, каква што Apple веќе вгради во iPhone 14, сепак тоа не се случи. Изгледа дека сега Samsung конечно е подготве за вградување нова технологија во своите телефони, затоа што го претстави системот 5G NTN, чија работа е симулирана во модемот Samsung Exynos 5300 и ќе овозможи комуникација меѓу паметните телефони и сателитите.

Samsung планира да ја интегрира оваа технологија во модемските решенија Exynos и со тоа да ја забрза комерцијализацијата на 5G сателитската комуникација, како и, како што велат, „да го полочат патот до ерата на интернетот на се (IoE), кој работи на 6G”.

- Advertisement -

„Оваа пресвртница се базира на нашето богато наследство на безжични комуникациски технологии после воведувањето на првиот комерцијален 4G LTE модем во индустријата во 2009 година и првиот 5G модем во индустријата во 2018 година. Samsung има за цел да ја преземе лидерската позиција кај хибридните NTN комуникациски екосистеми во светот и да го подготви светот за доаѓањето на 6G“ велат од Samsung Electronics.

NTN е комуникациска технологија која користи сателити за поврзување на региони кои биле недостапни за земните мрежи било преку планина, пустина или среде океан. Исто така, велат дека оваа технологија ќе биде клучна за осигурување на оперативноста во подраќја погодени од катастрофи и за унапреудвање на урбаната воздушна мобилност, како што се беспилотните летала и летачките автомобили.

- Advertisement -

За стабилна NTN комуникација со сателитите во ниската орбита на Земјата , Samsung разви и симулираше сателитска технологија базирана на стандардот 5G NTN користејќи ја својата референтна платформа Exynos Modem 5300 за точно предвидување на локацијата на сателитите и минимизирање на поместувањето на фреквенцијата предизвикано од Доплеровиот ефект.

Засега уште не е познато кои нови телефони на Samsung ќе добијат нова сателитска комуникациска технологија.

- Advertisement -

(VVidi.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -