ВИДЕО: Разградлив електронски завој го забрзува затворањето на раните

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Норвестерн го создадоа првиот мал, флексибилен, растеглив завој кој го забрзува затворањето на раните со електротерапија директно на местото на раната. Во студијата која ја направиле врз животни новиот завој затворил дијабетски чиреви 30% побрзо отколку без завој.

Завојот, исто така, активно го следи процесот на лечење на раните, а потоа кога веќе нема да е потребен безопасно се разградува во телото, заедно со електродите и се останато. Новиот уред може да биде моќна алатка за пациентите со дијабетес, лии чиреви може да доведат до компликации од типот на ампутација или дури смрт.

- Advertisement -

Новиот уред е првиот биоресорптивен завој, кој може да прави електротерапија и прв пример за паметен регенеративен систем.

„Кога кај некој ќе се појави рана, целта е секогаш да се загвори што е можно побрзо, инаку отворената рана е подложна на инфекции. Кај луѓето со дијабетес инфекциите се уште потешки за лечење и се поопасни. За тие пациенти постои голема потреба за исплатливи решенија кои навистина им одговорараат. Нашиот нов завој е исплатлив, едноставен за нанесување, прилагодлив, удобен и ефикасен во затворањето рани за да се спречат инфекции и понатамошни компликации“ вели Гиљермо А. Амир од Нортвестерн, коавтор на студијата.

- Advertisement -

„Иако се работи за електронски уред, активните компоненти кои се поврзуваат со лежиштето на раната целосно се ресорбираат. Како такви, материјалите природно исчезнуваат после завршувањето на лекувањето, со што се избегнува квакво било оштетување на ткивата при физичкото вадење“ вели Џон А. Роџерс од Нортвестерн, друг коавтор на студијата.

Истражувачите биле љубопитни дали терапијатасо електрична стимулација можед а помогне во затворањето на тврдокорните рани. Со таа цел двајцата истражувачи и нивните тимови развиле мал, флексибилен завој кој меко го замотува местото на повредата.

- Advertisement -

Едната страна на паметниот регенеративен систем има две електроди – мала во форма на цвет, која се наоѓа точно на дното на раната и во форма на прстен, која се наоѓа на здравото ткиво околу раната. Другата страна од уредот содржи намотка за собирање енергија за напојување на системот. Тимот, исто така, вклучил и сензори кои можат да проценат колку добро зараснува раната. Со мерење на отпорот на електричната струја низ раната докторите можат да го следат напредокот.Постапното намалување на мерењето на струјата директно е поврзано со процесот на заздравување. Значи, ако струјата остане висока, докторите знаат дека нешто не е во ред.

Поради овие можности со уредот може да се управува на далечина без жици. Од далеку докторот може да одреди кога ќе примени електрична стимулација и може да го следи напредокот на зараснувањето.

Студијата е објавена во списанието Science Advances.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -