Ротаријанците од Македонија уште во првата недела испратија помош за настраданите во Турција

- Advertisement -

Ротаријанците од Дистриктот 1912 Северна Македонија и Словенија во широка акција во клубовите, од сопствени средства собраа 50.000 долари кои се донираа на своите пријатели ротаријанци од Турција. Уште во првата недела после катастрофалниот земјотрес во Турција се донираа првите 11.400 долари.

Се очекува до крајот на оваа недела од Ротари Дистриктот 1912, кој ги обединува сите Ротари клубови од Словенија и Македонија, да се соберат и достават средства во вредност од 50.000 долари за оваа намена.

- Advertisement -

„Со овој потег Ротаријанците уште еднаш на дело ја покажуваат својата посветеност на решавање на проблемите таму каде што ќе се појават. Сакам да напоменам дека оваа донација е собрана од лични средства на членовите на Ротари клубовите од овој Дистрикт. Ценевме дека ден поскоро испратена помош е повредна и затоа побрзавме со првата уплата од 11.400 долари. Со дел од овие средства ротаријанците од Македонија учествуваат во набавката на Мобилна болница за настраданите во Турција која е во вредност од 300.000 долари. Покрај ова имаме и бројни индивидуални клупски акции со помош од различен вид, како комплетно опремени шатори за цело семејство, постелнини, облека и т.н. Со вакви акции дури и во поголеми суми и средства, ќе се вклучат и сите други дистрикти на Ротари кои ги има вкупно 525 на глобално ниво, и со тоа ќе овозможиме на нашите пријатели од Турција да решат барем еден дел од проблемите. Со ова нашите активности за помош на погодените од земјотресот не ги сметаме за завршени и како ротаријанци ќе продолжиме и понатаму за да ја искористиме секоја можност за помош“, изјави Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 за ротаријанската 2022/2023 година.

Ротари клубовите се неполитички, нерелигиозни и отворени за сите култури, раси и религии. Членовите на Ротари клубот се волонтери кои работат за доброто на човештвото. Ротари е организација на успешни професионалци. Градење тимови, собирање средства, јавно говорење, планирање, организација и комуникација се некои од водечките карактеристики што членовите на клубот можат да ги практикуваат и подобрат.
Преку Ротари клубовите, луѓето од сите континенти и култури се здружуваат за да разменуваат идеи и да формираат пријателства и професионални врски додека прават разлика во нивните дворови и ширум светот.

Сподели!
- Advertisement -