MSG Sphere е името на арената вредна 2,2 милијарди долари која моментално се гради во Лас Вегас, а се очекува дека ќе биде готова во 2023 година. Арената е висока 110 метри и широка 157 метри. Публиката ќе има прикика да ужива во претстави на највисок 16K ЛЕД екран кога билко направен во светот, со импресивни звуци и седишта што вибрираат. Исто така, ќе можат да почувствуваат ветар, мириси и промени во температурата како и на филмот што го гледаат.
Планирано е арената да работи 354 дена во годината и да донесе стотици милиони долари во локалниот буџет. Оваа сала со 17.500 седишта првично требаше да биде отворена во 2021 година, но изградбата беше стопирана во април 2020 година поради пандемијата на корона вирусот.
Освен формата, која личи на топка за кошарка, она по што овој објект е посебен е технологијата која ќе се користи таму. Во сферата публиката ќе биде одушевена во најголемиот 16К ЛЕД екран во светот, кој ќе има резолуција неколку пати поостроа од што било што може да се види денес.
Како што велат од компанијата MSG Sphere, нивната мисија е да создадат целосно нов медиум кој ќе создаде заеднички искуства за кои луѓето не можеле ни да сонуваат.
Додаваат и дека соработуваат со уметници и креатори од целиот свет за да го остварат тоа. Се надеваат дека Лас Вегас ќе успеат да го направат центар и родно место на овој нов медиум.
Се очекува сферата да биде отворена во септември годинава.
(Bizlife)
(фото: YouTube)