Уред кој се рекламира како начин паровите кои одржуваат врска на далечина да имаат физичка интимност предизвика лавина коментари од кинеските корисници, кои истовремено се шокирани и заинтересирани.
Како што вели кинескиот студент на УниверзитетотЧангжу, кој го измисли и го патентираше уредот, неговиот изум е опремен со сензори за притисок и активатори, па може да г имитира вистинскиот бакнеж, движењето и температурата на усните на корисникот, пишува CNN.
Освен движењето на усните во текот на бакнувањето, може да го пренесе и звукот кој го испушта корисникот. Меѓутоа, додека многу корисници на социјалните медиуми ја гледаат смешната страна на уредот, други го критикуваат како вулгарен и морничав. Некои, пак, се загрижени дека малолетници можат да го купат и да го користат.
За да испратат бакнеж преку уредот корисниците треба да преземат апликација за телефон и да го поврзат телефонот со уредот. Потоа да се спарат со своите партнери во апликацијата и можат да започнат видеоповик и да ги пренесат бакнежите еден на друг.
Иако се рекламира за одржување врски на далечина, кинескиот уред овозможува и бакнување со странци со кои сакате да пробате како бакнуваат откако сте оствариле контакт на страниуца за онлајн запознавање.
Корисниците можат и да ги зачуваат своите бакнежи во апликацијаѕа за други да ги преземат и да ги пробаат. Цената на овој уред е околу 40 долари.
(Bizlife)
(фото: Twitter)