Денес, 1ви март 2023 година, во хотелот Александар Палас ќе се одржи Скопски Економски Форум II, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација, а со цел да создаде платформа за дијалог и комуникација.
Скопскиот Економски Форум II ќе овозможи идентификување и проценка на клучните предизвици за раст, учење од искуствата на другите земји, поддршка на усвојувањето на практики за корпоративна социјална иновација во приватниот сектор и идентификување на насоки на политичко дејствување за создавање на конкурентни и инклузивни економии во Северна Македонија и Југоисточна Европа.
Лидерите од политичката и економската сфера ќе понудат конкретни одговори на клучните проблеми во регионот, особено во областа на енергетиката, безбедноста и економијата.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски, ќе се обрати на Скопскиот Економски Форум II. Исто така, г-дин Албин Курти, премиер на Република Косово, и г-дин Дритан Абазовиќ, премиер на Владата на Црна Гора, ќе го почестат Форумот со своето присуство и ќе се обратат на форумот.
Меѓу именуваните политички говорници се: г-дин Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, г-дин Фатмир Бесими, министер за финансии, г-дин Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација, г-ѓа Артане Ризваноли, министер за енергетика на Косово, г-дин Мартин Двошак, заменик-министер за надворешни работи на Република Чешка, г-ѓа Христина Оџаклиевска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Меги Фино, заменик-министер за Европа и надворешни работи на Албанија, како и г-дин Оливер Вархеи, комесар за соседство и проширување на ЕУ. На форумот ќе зборува и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.
Форумот ќе биде почестен и со говори на низа Амбасадори во Република Северна Македонија, меѓу нив и Н.Е Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, Н.Е Андреа Силвестри, Италијанскиот амбасадор, Н.Е Софија Филипиду, Амбасадор на Република Грција, Н.Е Ами Ларсон Џеин, Амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ.
Од делот на бизнис секторот, меѓу говорниците ќе бидат: господин Иоанис Киркинезис, директор за развој на бизнисот и менаџер на Хил Интернашнл Албанија, госпоѓа Ана Митреска, вице-гувернер на Народна банка на Северна Македонија, господин Никола Делев, вршител на функцијата директор за стратешко планирање и развој во “Булгартрансгаз”, господин Манос Манусакис, претседател и извршен директор на ИПТО, господин Атанасиос Лиагкос, претседател на Управниот одбор и извршен директор на ТПА С.А. – Пристаниште на Солун, господин Бранко Грегановиќ, претседател на НЛБ Банка Скопје, господин Никола Љушев, извршен директор на Македонски Телеком, госпоѓа Марија Рита Гали, извршен директор на ДЕСФА, господин Олин Ветингтон, извршен директор на Ветингтон Интернешнл ЛЛЦ, господин Орхан Муртезани, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, господин Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР Скопје, господин Анди Аранитаси, шеф на ЕБРД за Северна Македонија, госпоѓа Марта Наумовска-Грнарова, генерален менаџер на Завар Компани, Завар Дизајн, госпоѓа Аида Нани, управувачки партнер во СТАГ Консулт, Тирана, господин Деналд Џорџ Тафани, Претседател, Хеленска бизнис асоцијација во Албанија, г-ѓа Магдалена Сољакова, стар висок посебен службеник за Северна Македонија, IFC, г-н Алесандро де Кончини, менаџер за Македонија, Европска инвестициска банка.
Покрај нив, на Форумот ќе говорат и госпоѓа Христина Спасевска, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, , г-н Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, г-н Беким Емини, директор на Агенцијата за странски инвестиции, г-дин Александар Стамболиев, управител на Бизнис Акцелератор УКИМ и г-н Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Технолошки Парк.
Некои од главните теми на Скопскиот Економски Форум II се:
● Една година подоцна: Влијанието на агресијата на Русија вo Украина врз Југоисточна Европа
● Продолжение на Тиранскиот Самит: Пристапување на Балканот во Европската унија
● Нови регионални енергетски коридори
● Инвестирање во инфраструктура и поврзување: територијална кохезија, транс-европски мрежи: патишта, железници, мостови, пристаништа и аеродроми
● Жени лидери во одржлив развој
● Перспективи и поволности за директни странски инвестиции во Северна Македонија
● Стратегии за одржување на економски раст во време на несигурност
● Дигитална трансформација: Водењето на владата на следното ниво