Илон Маск повторно е најбогат човек во светот

- Advertisement -

После краток пад на позицијата број 2 минатата година, Илон Маск се врати на челната позиција на листата на Bloomberg со најбогати милијардери во светот. Нето-богатството на Маск сега изнесува 187 милијарди долари.

2022 година беше доста тешка за Маск и тој успеа да постави гинисов рекорд за најголема загуба на богатство во светот откако паднаа цените на акциите на неговата компанија за електрични автомобили, Tesla. Маск, кој исто така ја купи социјалната мрежа Twitter, е самиот виновен за тоа затоа што инвеститорите сметаа дека Twitter ќе му го одвелкува вниманието од другата компанија. Така, цената на акциите на Tesla минатата година се намали за дури 65%, па затоа потона и богатството на Маск.

- Advertisement -

Но, годинава Маск изгледа ги фати цврсти усдите во рака кога станува збор за Twitter и откако отпушти од работа повеќе од половина од вработените таму, се чини дека е задоволен со тоа во кој правец се движи социјалната мрежа.

После подолго премислување, премиум услугата Twitter Blue беше лансирана годинава и изгледа дека добро функционира затоа што сега компанијата Meta планира да ја ископира на својата платформа.

- Advertisement -

Како пто стивнува фамата околу Twitter и инвеститорите повторно се заинтересирани за акциите на Tesla, па тие годинава ја почнаа со цена од 108 долари, но вчера вредеа дури 207 долари. Маск, пак, додаде цели 50 милијарди долари на своето нето-богатство и се искачи на врвот на листата со милијардери.

Тој го турна Бернар Арно, извршен директор на мултинационалната корпорација LVMH, на второ место.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: ERP Today)

Сподели!
- Advertisement -