Инспиративни панели со најуспешните жени во ИТ

- Advertisement -

По повод 8ми Март, меѓународниот ден на жените, Women in Tech Macedonia и Data Masters организираат серија на панели кои имаат за цел да ги инспирираат и мотивираат жените во нашата ИТ заедница. Планирани се три панели, на кои некои од најистакнатите членки на ИТ заедницата во Македонија ќе споделат свои лични искуства на различни теми.

- Advertisement -

Првиот панел, кој е закажан за 1-ви март со почеток во 18.00 часот е посветен на темата мотивација, на кој панелистките ќе разговараат за сите фактори кои ги мотивираат и поттикнуваат во нивната кариера, но и надвор од професионалните води. На овој панел ќе учествуваат:

– Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на  Macedonia2025

– Верица Јорданова, ко-основач и уредник на Inovativnost

- Advertisement -

– Олимпија Х. Заевска, основач на Elson Solutions

– Елена Димовска, раководител за корпоративни комуникации во A1 Makedonija

- Advertisement -

– Ивона Ќимова Костоска, главен оперативен офицер во CodeUp.rocks

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: What motivates you?“: http://bit.ly/3Ep6PVZ

На панелот кој е закажан за 6-ти март во 18 часот ќе разговараат:

– Мартина Наумовска, партнер и раководител на Data Science секторот во Data Masters

– Елена Иванова, директор на Impact Foundation

– Tеодора Филовска, сопственик на Galeksia

– Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, консултант за менаџирање со човечки ресуси и кариерен советник

– Драгица Додевска, менаџер за операции во Sopro

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: Who inspired you?“: http://bit.ly/3IHAXNN

Третиот и последен панел којшто е закажан за 7-ми март во 18 часот, исто така на Zoom, отвора една многу актуелна, но и значајна тема за жените, поточно менталното здравје. Панел дискусијата ќе се фокусира на повеќе теми поврзани со менталното здравје, важноста за негова грижа и како компаниите се грижат за менталното здравје на вработените. На овој панел ќе зборуваат:

– Ана Салтирова Давидовски, менаџер за човечки ресурси во Data Masters

– Фросина Денкова Зафировска, chief people and talent officer во ITlabs

– Илина Мојсовска, Talent Partner во CodeChem

– Весна Димовска Симјановска, психолог и менаџер за човечки ресурси

– Илина Стојановски, партнер и people officer во LeanSEM

Модератори на овие настани ќе бидат Бојана Петровска, МојПсихолог и Моника Ризовска Таневска, амбасадор на Women in Tech Macedonia.

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: Mental Health Care”: http://bit.ly/3XRi2FE

Приклучете се на дискусијата и бидете дел од еден поинаков настан кој ги поддржува жените во ИТ индустријата!  – Let’s inspire one another!

Women in Tech Macedonia е меѓународна непрофитна организација фокусирана на зголемување на бројот на жени во „STEM“ кариерни области. Организацијата се фокусира на четири области за кои е потребен поголем ангажман: едукација, претприемништво, настани и истражување. Покрај зголемувањето на бројот на жените кои работат во технологијата, Women in Tech работи и на зголемување на пристапноста на едукацијата и на овие занимања за жените.

Сите кои сакаат да се приклучат во Women in tech Macedonia, како ментор или член може да ги заследат профилите на Facebook и LinkedIn за информации за следните настани и да се приклучат кон Women in tech Macedonia заедницата тука.

Сподели!
- Advertisement -