Twitter отпушти од работа уште 200 работници

- Advertisement -

Илон Маск отпушти од работа уште 200 вработени во Twitter, меѓу кои е и личноста која работела на неговата премиум претплатничка услуга. Последната рунда откази во компанијата е еднаква на 10% од моменталната работна сила таму, каде што првично работеа 7.500 луѓе пред Маск да ја купи компанијата во октомври минатата година.

Според наводите на New York Times, Twitter во саботата им дал отказ на најмалку 200 луѓе од вкупно околу 2.000 вработени. Меѓу отпуштените од работа има менаџери на производство, дата научници и инженери кои се грижеле социјалната мрежа да работи ефикасно, пишува NYT.

- Advertisement -

Естер Крафорд, директорката за продукт менаџмент во Twitter, која го надгледувала воведувањето на последната премиум претплатнилчка услуга Twitter Blue, е една од отпуштените од работа. Посветеноста на директорката на својата работа и строгиот пристап на Маск можеше да се види од фотографијата која директорката ја сподели во ноември минатата година, каде што таа спие на подот од сцвојата канцеларија. Под сликата стави хаштаг – спиј каде што работиш.

(The Guardian)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -