Богатите се најголеми загадувачи – најбогатите 10% се виновни за половина од загадувањето во светот

- Advertisement -

Богатството, употребата на енергија и потрошувачката на стоки и услуги се нерамномерно распределни во светот. Иста е и ситуацијата си загадувањето на живоната средина, а ни емисијата на јаглерод диоскид не е исклучок од тоа. Емисијата се разликува од земја до земја, но уште се поголеми разликите меѓуопштествените класи со различни приходи. Така, најгорните 10% од луѓетосо најголеми приходи се одговорни за половина од загадувањето во светот, а најдолните 10% со најниски приходи загадуваат само 0,2%.

Така, просечлната разлика меѓу карбонскиот отпечаток во Северна Америка и во Африка е дури 11 пати. Ова е еден од заклучоците на истражувањето за енергетската транзиција на Меѓународната агенција за енергија. ОПва истражување се фокусира на луѓето и вклучува анализа на универзалниот пристап кон енергијата и правилната транзиција за луѓето од енергетскиот сектор. Анализата ја квантифицира емисијата на штетни гасови од секој поединец и се фокусира на емисијата на CO2 поврзана со енергијата.

- Advertisement -

Според студијата, во 2021 година просечниот Американец емитувал 11 пати повеќе CO2 кој се однесува на енергијата во споредба со просечниот Африканец. Сепак, разликите меѓу групите приходи се уште поекстремни. Секој поединец од горните 1% според приходите има карбонски отпечаток од над 50 тони CO2 во 2021 година, што е над 1.000 пати повеќе во споредба со најдолниот 1% според приходите.

Во меѓувреме, глобалниот просечен карбонски отпечаток поврзан со енергијата изнесува околу 4,7 тони CO2 по лице, што е еднакво на два повратни летоци од Сингапур до Њујорк или возење со просечен автомобил SUV во период од 18 месеци. Овие гоеми контрасти се одраз на гокемите разлики во приходите и богатството, како и во животните стилови и потрошувачката.

- Advertisement -

Глобално, 10% од најголемите загадувачи биле одговорни за речиси половина од глобачната емисија на CO2 поврзана со енергија во 2021 година, во споредба со само 0,2% од долните 10%. Најгорните 10% емитувале просечно по 22 тони CO2 по лице во 2021 година, што е над 200 пати повеќе од просекот за најниските 10%.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -