Пристигнува најголемата конкуренција на Twitter – социјалната мрежа Bluesky

- Advertisement -

Пред четири години еден од основачите на Тwitter и поранешен извршен директор на компанијата, Џек Дорси, ја стартуваше децентрализираната социјална мрежа Bluesky, која тогаш ја замисли како екстензија на самиот Twitter. Идејата му беше да направи апликација базирана на децентрализиран протокол, во која на прво место би била безбедноста и приватноста на податоците. Наместо со тие податоци, како што е денес, да управуваат големи технолошки компании, нив би ги контролирале самите корисници, а исто така би биле сигурни од влијнаието на државата.

Со текот на времето патиштата на Twitter и Bluesky се разидоа и таа стана независна платформа, а кога Илон Маск го презеде Twitter, Дорси се фоксуриаше на својата апликација. Дел од корисниците можат уште сега да испробаат како изгледа самата апликација и какви опции има затоа што за почеток е лансирана тест верзија која е достапна само со покана.

- Advertisement -

Корисниците што ќе добијат покана ќе можат да ја преземат апликацијата на Дорси од продавницата на Apple, а сите што се заинтересирани за Bluesky преку нивната апликација можат да се пријават на листата на чекање за кога ќе се прошири тестирањето, да може да добијат пристап.

Што се однесува на интерфејсот, тој е сличен на Twitter, а слични се и опциите во мрежата. На пример, наместо “what’s happening” во просторот за статусот стои “what’s up”. Објавите се распоредени на “posts” и “posts and replies” и сл. Разликата е во тоа што Bluesky сака да ја намали моќта што ја има Twitter, која се одразува во управувањето со платформата и со содржините, односно со забраната на содржини и корисници.

- Advertisement -

Нема да биде лесен патот до успехот за апликацијаѕа на Дорси затоа што од преземањето на Twitter на пазарот се појавија нови социјални мрежи како Mastodon и Post.

(Gizmodo)

- Advertisement -

(фото: Bluesky)

Сподели!
- Advertisement -