Започнува сезоната на алергии! Какви решенија нуди Центарот за биоинформатика?

- Advertisement -

Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски се основачи на Центарот за Биоинформатика во Скопје. Со нив разговаравме на темата – алтернативна медицина и можностите кои таа ги нуди.

Разговараше- Верица Јорданова

- Advertisement -

Татјана, какви медицински услуги нуди Центарот за биоинформатика?

Нашиот Центар има можности за дијагностика на функционалната состојба на целиот организам како и можност за специфична проценка на функционалната состојба на имунолошкиот систем. Исто така е најважно да спомене дека по извршениот скрининг има можност за изработка на специфична персонализирана терапија со која може да се корегираат претходно увидените дисфункции во организмот.

- Advertisement -

Персонализирана терапија представува терапија која се одредува и подготвува специфично и наменски само за еден човек и за неговата специфична состојба и потреба. На тој начин се постигнува максимален ефект и најсигурен начин за третирања не дадената состојба.

Персонализирана терапија е дел од медицинското стебло кое се нарекува Регенеративна медицина. Тоа што изминатите децении се сметаше за невозможно и дел од научната фантастика денес е реалност и се нарекува „Регенeративна медицина“, релативно ново стебло во медицинските науки и медицинската пракса. Регенеративната медицина се појавува во периодот на 70 тите години и основата врз која се темели денес се нарекува „Применетата Биоинформатика“.

- Advertisement -

Започнува сезоната на алергии, така што за оние кои се алергични од сезонските алергии, започнува проблематичен период. Што треба да знаеме за алергиите?

Алергијата е прекумерна реакција на имунолошкиот систем на надворешни супстанци и обично е безопасна за организмот. Кога некое лице е алергично на некоја супстанца, имунолошкиот систем погрешно препознава дека претставува опасност за организмот и го напаѓа. Надворешните супстанци кои можат да предизвикаат алергиски одговор, се нарекуваат алергени. Како алергени можат да дејствуваат некои видови на храна, лекови, домашна прашина, полен итн. Најчесто погодени органи од алергии се очите, носот, грлото, белите дробови, кожата и дигестивниот систем.

Некои алергии се сезонски (пролет, лето, рана есен) кога концентрацијата на определен полен во воздухот е највисока. Други ги имаме преку целата година, како што се алергии на домашнаа прашина  и животни. Алергиите на храна и лекови се манифестираат секој пат кога некое лице ќе земе соодветни супстанци. Врз основа на алергените, можеме да ги разликуваме следниве видови на предизвикувачки агенси:Полен,хемикалии, лекови ,убоди од инсекти и други.

Кои се симптомите? Како се поставува дијагнозата и начин на лекување?

Симптомите на алергиски реакции може да се движат од благи и мали, до крајно загрижувачки. Во некои случаи, алергиите можат да предизвикаат животнозагрозувачка состојба позната како анафилактичен шок (оток во грлото и недостаток на воздух, низок крвен притисок, чешање, осип и оток, гадење со повраќање).

Правилниот третман бара правилна дијагноза.Во нашиот Центар за да поставиме дијагноза доволно е да се направи само еден преглед (скен) кој нема зрачење, не е фобичен, немора претходна подготовка за прегледот.

По завршување на прегледот ја имаме на увид целосната функција на сите органи, потоа се поставува најсовремена терапија која ја нуди нашиот Центар за комплетно излекување на алергиите.Терапијата е безбедна , нема несакани ефекти, а резултатите се видливи за краток временски период.

Раскажете ни како дојдовте до идеја за основање на Центар за Биоинформатика?

Идејата во почетокот беше само интерес за самата наука, Информациска Медицина и Применета Биоинформатика, за потоа да прерасне во нешто што денес ја има формата на клиника за Применета Биоинформатика. Во почетокот интересот беше само од љубопитност и интерес за нешто што е сосема ново, авангардно, голема табу тема во ортодоксната наука која веќе два века ја проучува само хемиската супстанца, а притоа нема никаков интерес за енергијата (она што секој може да го почуствува кај друг човек, топлината на телото) или пак за информацијата со која може да го објасниме поедноставно биолошкиот софтвер на човекот или јазикот со чија помош клитките комуницираат. Така после неколку години интерес и теоретски придонес во научната заедница дојде до природен процес на еволуција во едно поле на науката каде од теорија прогресираше во пракса. Сетоа се случуваше со убедување и поддршка од стана на нашите тогашни професори и ментори од Киевскиот Политехнички Инсититут и катедрата за Информациска медицина при Медицинскиот факултет на Украина на чело со деканот др. проф. Зеновиј Дмитрович Скрипњук.

Со негова силна поддршка ние започнавме еден долг и тежок процес на промоција и дејствување во полето на Приментата Биоинформатика што денес прерасна во Клиника за применета биоинформатика и понатаму ќе прогресира во еден современ Поликлинички Центар во кој ќе применува најдоброто од алопатската медицина и најдоброто од регенеративната медицина.

Што всушност претставува Биоинформатиката и за што се користи?

Досега  многу пати сме говореле на темата што точно претставува применета биоинформатика. Овој пат ќе пробаме да објасниме најкусо и наједноставно што можеме за да бидеме лесно разбирливи. Применета Биоинфорамтика претставува лингвистичка наука која ги проучува клеточните јазици, начинот на кој клетките зборуваат меѓусебе, начинот на кој ги пренесуваат информациите за да можат нормално односно здраво да функционираат и живеат. Пример ќе кажеме дека една болест настанува тогаш кога клетките ќе престанат да комуницираат точно и исправно меѓусебе. Применетата Биоинформатика проучувајќи ги јазиците со кои клетките комуницираат ни овозможува да слушнеме, разбереме и сфатиме како комуницираат во случаите каде има грешка во комуникација односно болест. Да увидиме каде е тој проблем и најважното од се да можеме да им се обратиме на истите клетки на за нив разбирлив јазик и да им укажеме каде и како можат да ја променат односно самоизменат погрешната комуникација и со тоа да го решат да ја излекуваат болеста. Ова би било наједноставно објаснување за тоа со која проблематика се занимава применетата бионформатика.

Потоа врз основа на добиените информации креирате персонализирана терапија. Како се прави таа терапија?

Персонализирана терапија е терапија подготвена исклучиво и специјално за специфичен пациент за неговиот единствен, специфичен организам.

Терапијата се подготвува врз основа на претходните мерења на функционалната состојба на организмот и специфични болести. За овој начин на подготовка се користат специјални компјутерски софтверски програми кои креираат и обработуваат јазици на ќелиите, фреквенции, информации и сигнали.

По поставувањето на дијагнозата, се врши скрининг за анализа на целокупната здравствена состојба на пациентот. Персонализираната терапија се подготвува во специјализирана електронска лабораторија која е опремена со специфични хардверски и софтверски уреди. Со помош на овој тип на софистицирани уреди се креираат и модулираат специфичните релевантни информации за конкретниот пациент.

Кои се вашите најголеми достигнувања во дијагностицирањето и лекувањето на одредени заболувања?

Пред се мора да кажеме дека ние сме четврта генерација која се занимава со оваа проблематика. Во минатото резултатите биле повеќе од очекуваното за да денес се постигнува ниво да може да регенерираме одредени ткива и органи. Конкретно за прашањето кои се нашите сегашни достигнувања може да се набројат некои од најчестите заболувања кои се третираат и успешно се излекуваат во нашиот центар: алергиски заболувања, астма, ХОББ, канцерогени состојби, гастроинтестинални заболувања-гастритис, колитис, проблеми со коскениот систем-гонартроза, дископатија, ишијас, периартритис, карпален тунел, анксиозност, панични напади, спектар на аутизам, нервоза, несоница, паркинсонова болест, отитис медиа, вртоглавица, окуларна дисфункција-макуларна дегенерација, спортски повреди, регенерација на гениталиите, висок крвен притисок, регенерација на кожата на лицето и телото, проблеми со циркулацијата, ендокрини, автоимуни заболувања и многу други болести.

Мора да напоменеме дека се повеќе се соочуваме со нарушувања на психичкото здравје на лугето. Начинот на живот, пандемијата, константниот стрес ги направи овие здравстевни проблеми број еден во проблематиките кои ги сретнуваме. Најважно е што имаме решение како да ги вратиме сите тие состојби во нормала.

Кои се предностите на алтернативната настпроти конвенционална медицина?

Од старт мора да кажеме дека не постојат предности и не постои некаков натпревар или судир на интереси помеѓу било која медицинкса гранка и Применета Биоинформатика односно Регенеративна медицина. Да објасниме, една од науките што стои зад Регенеративна медицина се нарекува Применета Биоинформатика. Во случајов станува збор за употреба на најдоброто и најфункционалното од било која медицинска гранка. Поентата е финалниот резултат односно доаѓање до решението. За оваа цел нашиот следен чекор е синергистички пристап од сите најфункционални и најдобри медикаменти, техники и клеточни биолошки програмски јазици за една и единствена цел а тоа е одржување, унапредување и враќање на здравјето. Применета биоинфроамтика односно Регенеративна медицина не е медицинска дисциплина само за болни луѓе. Во изминативе 10 тина години најмногу се работи луѓето да се едуцираат дека имаат можност да си го одржуваат здравјето и да го унапредуваат.

Колку Македонците и веруваат на алтернативната медицина и кога бараат „помош“ од вас?

Одговорот на прашањето е дека станува збор за една субјективна тема, верувањето или неверувањето е дирекно поврзано со индивидуалната свест и капацитетот на еден човек да учи се едуцира и надградува себе. Комплементарната алтернативна медицина во Македонија е доста нова и станува збор за едно поле за една тема каде треба доста да се зборува и доста да се едуцира.

Кои се вашите планови за во иднина?

Како што споменавме, нашата следна фаза е спојување на најдобото од Алопатската и Регенеративната медицина во еден центар каде многу луѓе ќе можат на едно место да го најдат одговорот или решението за одржување, унапредување или враќање на загубеното здравје.

Сподели!
- Advertisement -