Huawei го претстави својот конкурент на Google Maps

- Advertisement -

Huawei на Светскиот мобилен конгрес во Барселона ја претстави апликацијата Petal Maps, која служи за навигација и доаѓа со повеќе иновативни функции. Апликацијата е опремена со најсовремена технологија за сообраќај, а корисниците ги навигира по целиот екран на уредот, вклучувајќи притоа импресивни визуелни ефекти со што на корисниците им обезбедува сигурна навијација и услуга.

На конгресот ја демонстрираа услугата за навигација на цел екран која го проширува приказот на навигацијата на мапите и така на корисниците им го олеснува следењето на насоката во која се движат. Освен тоа, апликацијата содржи ажурирања на патиштата во земји како Малезија, Филипини и Мексико, кои во комбинација со јасниот приказ на корисниците им гарантираат подобро искуство на користење.

- Advertisement -

функцијата навигација на цел екран користи бројни ефекти како алгоритми за 3Д моделирање на патиштата и издвојување на насоки од ХД сателитски слики, за автоматска симулација и приказ на детални информации за патиштата во 3Д, со што патиштата на дигиталните мапи се прикажуваат поживописно. Дава полесни навигациски насоки и предлози за возење во гужва, на кориснциите им дава потсетници за навремена промена на ленатата на движење и поедноставно снаоѓање на сложени патишта.

Petal Maps се грижи и за здравјето на околината, па корисниците кои преферираат да возат велосипед ги наведува на насоодветните рути во склад со сообраќајните услови, а на сите кои пешачат со вибрации преку паметен часовник им дава до знаење каде и кога да свртат. На тој начин корисниците нема да останат залепени за својот телефон.

- Advertisement -

Како што велат од Huawei, Petal Maps детално прикажува патишта, згради, временски услови и ноќно гледање, во бои од реалниот свет. Оваа опција го рекреира реалниот свет во дигиталните мапи и на корисниците им овозможува едноставна навигација. Поддржува и детален 3Д приказ на речиси стотина светски знаменитости. На пример, во текот на конгресот посетителите можеле да истражат повеќе знаменитости воБарселона рекреирани во 3Д форма на дигитална мапа во апликацијата и истовремено да видат динамични ефекти како облаци, сонце и дожд, но и улично осветлување и други специфични детали на зградите ноќе.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -