ВИДЕО: Астронаут сними поларна светлина од сосема поинаков агол

- Advertisement -

Поларната светлина е феномен кој ги одушевува луѓето со векови, но мал број на луѓе имале прилика тој феномен да го видат одблиску. Во текот на минатата недела, благодарение на совршените услови, поларната светлина или аурора бореалис можеше да се види и појужно од вообичаено.

Но, како изгледа овој феномен од вселената? Благодарение на американскиот астронаут Џош Касада, кој со себе носел фотоапарат, имаме прилика да уживаме во овој спектакл од сосема поинаков агол.

- Advertisement -

Касада престојува на Меѓународната вселенска станица, а фотографијата настанала кога станицата поминувала над северниот дел на Земјата преку ноќ.Апсолутно неверојатно, напиша Касада во коментарот на фотографијата која ја сподели на Twitter.

Поларната светлина деновиве е видлива затоа што сонцето се приближува до врвот на својот 11-годишен циклус. Соларните ветришта кои настануваат со исфрлање на короналната маса донесоа големи количини плазма на Земјата, а ударот на таа плазма во атмосферата предизвикува поларна светлина.

- Advertisement -

На неговата фотографија му коментираше Џоел Ветерли од Алберта, Канада, кој на видео ги снимил и поларната светлина што ја видел Касада, но и Меѓународната вселенска станица како поминува над неговиот дом.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -