ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот Матка

- Advertisement -

Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес повторно е отворен за посетителите. Првиот ден од новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност, на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“.

Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот тие добија многу совети за штедење електрична енергија и нејзино разумно користење.

- Advertisement -

Глобалната енергетската криза пробуди голем интерес кај граѓаните од сите возрасни групи за да се информираат во врска со енергетската ефикасност и штедењето, а токму во овој изложбен центар посетителите може да научат повеќе на овие теми. Содржините во музејот „Матка“ се на македонски, албански и на англиски јазик, а влезот е бесплатен.

Изложбениот центар „Матка“ е отворен во 2017 година. Објектот е сместен во зградата на старата хидроцентрала на Матка во Скопје. До сега вкупно го имаат посетено речиси 20.000 посетители. Центарот е добитник на наградата „Музеј на годината“, која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, како и на Националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.

Сподели!
- Advertisement -