Huawei забрзано работи на имплементација на 5.5G мрежата со 10 пати побрз интернет

- Advertisement -

До крајот на 2022 година 5G мрежата ја користеа над милијарда луе ширум светот. Иако преминот од 4G на 5G технологија во многу земји уште е во тек, мобилната индустрија веќе наголемо работи на 5.5G, која ќе биде до 10 пати побрза, со 10 пати поголем опсег за конекции и исто толку пати поодржлива во однос на емисијата на CO2.

Huawei од јуни минатата година работи на планирање и имплементација на 5.5G мрежата, која е меѓучекор со 6G, а чии најбитни решенија беа претставени на светскиот мобилен конгрес MWC 2023 во Барселона. Во текот на MWC, Huawei се сретна со најголемите оператори, партнери од индустријата и клучните лидери од целиот свет за да разговараат за иницијативата GUIDE to the Intelligent World. Оваа исклучително битна тема ќе послужи за поставување на темелите за 5.5G мрежата и надградба на постојниот 5G екосистем.

- Advertisement -

Постојат пет најбитни предности на 5.5G во однос на 5G и тоа: 10 Gbps стандард, целосна интерконекција, интегрирана комуникација и детекција, L4 мрежи за автономно возење и зелен IKT. Технолошките иновации на 5.5G мрежата на операторите, корисниците и компаниите ќе им донесат десеткратно подобри перформанси на мрежата во однос на 5G и тоа: 10 пати поголема брзина; 10 пати поголема прецизност, 10 пати поголема енергетска ефикасност, 10 пати поголема интелигенција.

Новата мрежа ќе се користи за пристап до мета универзумот и други виртуелни системи, а некои од работите кои ќе ни станат секојдневие се 3D онлајн шопинг центри, 24K VR гејминг, гледање видеа во 3D средина без посебни очила, односно се што ни треба за да потонеме во виртуелниот свет како никогаш досега.

- Advertisement -

Huawei проценува дека од денешните 10.000 локални 5G мрежи нивниот број ќе се зголеми на дури 1 милион до 2030 година.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Huawei)

Сподели!
- Advertisement -