Xiaomi од идната година почнува да произведува електрични автомобили

- Advertisement -


Иако Xiaomi е компанија најпозната по своите паметни телефони и потрошувачка електроника, најавија проширување на бизнисот и на пазарот за автомобили. Што можеме да очекуваме од нивните автомобили може да дознаеме наскоро. Имено, како што нагласи на состанокот за инвеститори основачот и извршен директор на компанијата, Леи Јун, неодамна завршиле со зимските тестирања и нивниот оддел Xiaomi Auto остварил поголем напредок од очекуваното.

Очекуваме масовно производство во текот на првата половина од идната година, најави Јун.

- Advertisement -

Колку овој пазар е битен за оваа технолошка компанија најдобро говори податокот дека Јун половина од времето во текот на излагањето пред инвеститорите го потроши токму на авто-мото плановите и на досегашните големи инвестиции и истражувањето и развојот на ова поле. Досегашните инвестиции надминуваат 430 милиони долари, додека одделот за истражувањ еи развој на автомобили пораснал на над 2.300 вработени и се очекува и понатаму да расте.

Со новите инвестиции вкупните инвестиции на Xiaomi во оваа индустрија се над 2,8 милијарди долари, додека во текот на наредните пет години планираат да инвестираат уште дури 14 милијарди долари.

- Advertisement -

Освен за автомобилите, Јун посебно се осврна и на роботиката и верува дека развојот на оваа технологија ќе го забрза и производството, како и развојот на нови опции во нивните автомобили.

(Arena EV)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -