Новооткриени астероид со ознака 2023 DW и дијаметар од околу 50 метри го привлече вниманието на научниците во НАСА и Европската вселенска генција затоа што би можел на 14 февруари 2046 година да удри во Земјата. Астероид со таа големина не би можел да го избрише животот од Земјата, но може да предизвика катастрофална штета кога ќе удри во некое густо населено подрачје.
Според сегашните информации, кои постојано се менуваат, постојат отприлика 1:625 шанси да удри во Земјата. Иако научниците веруваат дека тоа нема да се случи, потребно е постојано да се следи неговото движење.
Според Торинската скала, со која се проценува опасноста од удари на астероиди, 2023 DW доби ознака 1.Скалата се означува со полни броеви од 0 до 10,при што 0 означува дека им занемарливо мали шанси да удри во Земјата.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)