На Германија и недостасуваат два милиони работници

- Advertisement -

Во последниот квартал од 2022 година, германските работодавци не можеа да најдат луѓе за 1,98 милиони работни места, повеќе од кога било, објави во четвртокот Институтот за истражување на пазарот на труд и трговија (ИАБ).

Бројот на отворени работни места е зголемен за 160.000 или 6,6 отсто во однос на претходниот квартал, а за 17,5 отсто во однос на истиот период лани, објави ИАБ, повикувајќи се на сопствено истражување.

- Advertisement -

„Потребата од работници во Германија е на нов рекорд. Огромното мнозинство на понудени работни места се постојано отворени, а компаниите се тркаат за квалификуван персонал“, рече Александар Кубис од ИАБ.

Институтот испитува илјадници компании на секои три месеци и ги евидентира не само работните места пријавени во агенцијата за вработување, туку и сите огласи за вработување.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -