Lufthansa воведува цели апартмани со брачни кревети во своите авиони

- Advertisement -

На најголем дел од луѓето идејата за брачен кревет во авион им изгледа навистина луксузно. Всушност, пристоен простор за испружување на нозете изгледа луксузно за некого, а камоли да имате за себе цел еден брачен кревет. Тоа изгледа повеќе од фантастично.

Но, за една голема европска авиокомпанија понудата на дупли кревети во прва класа на долгите летови наскоро ќе стане пракса. Имено, германската авиокомпанија Lufthanza одлучи дека во новите кабини во прва класа на прекуокеанските летови ќе постави брачни кревети. Најавено е и дека за паровите ќе бидат обезбедени трпезариски маси, ормари, како и сетипшта широки по 1 метар.

- Advertisement -

Според најавите на компанијата, наскоро во нивните авиони ќе се најдат suite plus седишта во прва класа, кои на паровите че им обезбедат приватни апартмани – брачни кревети, системи за греење, ѕидови до плафон, ормари, трпезариски маси, специјално гурманско мени и сеишта широки по 1 метар

Соби за парови ќе има и во другите класи, но нема да имаат приватност како во прва класа. Целиот проект, кој вклучува поделба на седиштата во авионите на 7 класи на долгите рути, ќе чини 2,5 милијарди евра и треба да биде целосно завршен до 2025 година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото:Flickr)

Сподели!
- Advertisement -