Над 171 трилиони парчиња пластика пловат во светските океани, покаа ново истражување кое го пренесува BBC. Пластката ги убива рибите и морските животни и и требаат стотици години за да се разгради до помалку штетни материјали,
Концентрацијата на пластика во океаните порасна од 16 трилиони парчиња во 2005 година, покажуваат податоците, а може дури и трикратно да се зголеми до 2040 година ако не се преземе ништо дотогаш, предупредуваат научниците.
Минатата недела државите-членки на ОН потпишаа историски договор за отворено море со заштита на 30% од океаните. За да дадат нова роценка за количината пластика научниците анализирале податоци од 1979 година досега и ги додале и податоците собрани на експедиции кои собираат пластика по морињата со мрежи.
Пластиката изброена во мрежите потоа се додава со математички модел за да се добие глобална проценка. Тие 171 трилиони парчиња пластика се составени од неодамна фрлената пластика и постарите парчиња кои уште не се распаднати, вели за BBC News главниот автор на студијата, д-р Маркус Ериксен од институтот 5 Gyres.
Најголема концентрација на пластика моментално има во Средоземното Море, а некои поголеми парчиња отпад се пронајде и во на други места, како штоо е и пловечкиот остров од пластика во Тихиот Океан.
Авторите на студијата велат дека решенијата кои ќе се смислат мора да се фокусираат на намалување на количината користена пластика, а не на чистење на океаните и рециклирањето пластика затоа што е помалку веројатно дека тоа ќе го стопира протокот на загадувањето.
Истражувањето е објавено во научното списание PLOS ONE.
(Zimo)
(фото: Pixa Hive)