Африка се дели на два дела – ќе се формира нов океан

- Advertisement -

Научниците тврдат дека Африка се дели на два дела, што ќе доведе до формирање на нов океан. Иако процесот ќе трае милиони години, ќе ги оддели денешните Сомалија и делови од Кенија, Етиопија и Танзанија од остатокот од континентот.

Според истражувањето објавено во списанието Geophysical Research Letters, два големи делови од континентот се раздвојуваат, а тоа на крај ќе резултира со создавањена нов океан. Станува збор за процесот наречен „rifting”, кој означува откинување на една тектонска плоча на два или повеќе дела кои се раздвоени со дивергентни граници на плочите.

- Advertisement -

Низинскиот регион наречен долина на процепи се појавува таму каде што земјините тектонски плочи се поместуваат, пишува National Geographic. Овие пукнатини може да се појават на копно, како и на дното на океанот. Овој феномент може да датира најмалку 138 милиони години наназад, кога Јужна Америка и Африка биле поделени на различни континенти. Во последните 30 милиони години арапската плоча се оддалечила од Африка, што е процес кој резултирал со создавањето на Црвеното Море и Анденскиот Залив, пишува NBC News.

Поделбата на континентот е поврзана со источноафриканскиот процеп, 56 км долга пукнатина која се појави во пустината во Етиопија во 2005 година, а според извештајот на Economic Times, тоа ќе го поттикне формирањето на новиот океан.

- Advertisement -

Ќе бидат потребни милиони години за Африка да се подели на два дела, а на новиот океан ќе му бидат потребни 5 до 10 милиони години за да се формира, што на крајот ќе овозможи земји како Уганда и Замбија да имаат излез на море. Малиот континент кој ќе се формира со расцепувањето ќе вклучува земји како денешна Сомалија, делови од Кенија, Етиопија и Танзанија.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -