Јапонија го претстави својот иновативен начин за одржување на улиците чисти. Земјата во ноември годинава ќе биде домаќин на светскиот куп на Spogomi, односно натпревар во собирање ѓубре. Зборот „Spogomi“ е комбинација од „sport“ и „rubbish“.
Тимот кој ќе собере најмногу ѓубре од улиците на Токио ќе биде победник на Spogomi. Тимовите ќе мора да го селектираат отпадот во различни категории. Секој тим е составен од тројца играчи и имаат 60 минути за собирање ѓубре.
Турнири за квалификации за овој куп веќе се одржуваат низ цел свет. Индија, САД, Канада, Јужна Африка, Индонезија, Тајланд се некои од земјите кои ќе учествуваат на купот.
Spogomi почна во 2008 година со цел луѓето да се мотвираат јавните површини да ги одржуваат чисти. Сега овој спорт е дел од наставната програма во јапонските училишта, а секоја година ширум Јапонија се одржуваат околу 100 Spogomi натпревари.
(Firstpost)
(фото: Spogomi Anime)