Американската компанија Amogy Inc., со седиште во Њујорк, има намера да го претстави својот прв брод на амонијак во светот пред краот на оваа година. Ак се оди сооред планот, продажбата на бродот ќе започне во 2024 година.
Поморскиот транспорт се наоѓа во незгодна ситуација затоа што е одговорен за 3% од глобалната карбонска емисија, па индустријата е спремна да премине на позелени начини на транспорт. Меѓутоа, технологијата од типот електрични батерии која денес е достапна не може да поддржи транспорт на големи растојанија. Од друга страна, амонијакот е алтернатива која доста ветува, но сепак мора да се докаже.
Компанијата Amogy е основана во 2020 година и има за цел декарбонизација на транспортот на товар преку своите решенија на база на амонијак. Минатата година компанијата покажа дека амонијакот најпојува тепка машинерија како трактори и камиони, а сега сакаат да ја демонстрираат својата технологија за бродови, почнувајќи од бродови за влечење. Иако овие бродови не се првата асоцијација кога станува збор за морски бродови, сепак имаат битно место во таа индустрија и често се користат за извлекување големи бродови на море.
Бродот за влечење кој го реконструираше Amogy е направен во 1957 година и користи дизел генератори за напојување на електричните мотори. Компанијата планира да го замени дизел генераторот со таков кој користи амонијак, а она што го прави уникатен е дека генератор од 1MW има трипати поголема моќност во однос на тој што се користеше за демонстрацијата на камиони.
Амонијакот можеби нема енергетската густина како дизелот, но неговото согорување не доведува до емисија на јаглерод. Сепак, моментално неговото производство е извор на емисија на гасови, но се вложуваат напори за наското да може да се произведе „позелен“ амонијак.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)