Финското студио Rockodile почна кампања за финансирање на својот најнов проект – игра инспирирана од војната во Украина. Станува збор за играта наречена Death From Above, во која играчите имаат улога на украински оператор со воени дронови во борбата против руските сили. Играчите ќе имаат задача да фрлаат бомби врз руските сили и нивната опрема и да враќаат украдени предмети и да воспоставуваат клучни комуникациски линии кои се прекинати во текот на судирот.
Студиото Rockodile вети дека 30% од приходите од продажбата на играта ќе ги донира на украински хуманитарни организации, а потоа и дополнителни 70% од нето приходите откако девелоперите ќе дојдат на нула со нивните трошоци. Меѓутоа, парите собрани во текот на кампањата ќе се користат исклучиво за подобрување и експанзија на играта.
Режисерот на играта, Хендрик Лесер, вели дека тоа првично требала да биде симулација која ќе вклучува мали игри базирани на управување со дронови, трки и транспорт на товар, но тимот се проширил во изминатите шест месеци и ги здружил силите со компанијата Gis Arta, која е украински девелоперски воен софтвер за контрола и координација на дронови и артилерија во борбени сценарија, па плановите се смениле.
Се очекува дека играта ќе биде достапна на платформата Steam во раните фази од развојот во текот на наредните месеци, без оглед на резултатите на Kickstarter кампањата, потврдија девелоперите. Тие што ќе донираат пари во кампањата ќе добијат и бонуси кога играта официјално ќе се најде на пазарот.
За донација од минимално 3 евра гејмерите ќе го отклучат нивото Mass Mobilization и ќе добијат wallpaper кој ќе ги потсети играчите на забавата и возбудувањето кое го доживеале додека играле. Тие што ќе издвојат 18 долари за отклучување на нивото Art of Propaganda на подарок ќе добијат три карикатури на рускиот претседател Владимир Путин.
(Klix.ba)
(фото: Steam)