Токсични т.н. вечни хемикалии пронајдени во тоалетна хартија ширум светот

- Advertisement -

Сите примероци на толаетна хартија земени од целиот свет се тестирани на токчисчните т.н. вечни хемикалии PFAS и оваа хемикалија била присутна во сите примероци. Отпадот кој се испушта во тоалетите и веце школките и во фабриките за прочистување на отпадните води веројатно е голем извор на загадувањето на водите на Земјата, покажа едно ново истражување, а го пренесува The Guardian.

Кога ќе се најдат во фабриките за отпадни води хемикалиите можат да се спакуваат во канализациската кал, која на крајот се шири по обработливите површини како жубриво или да се најде во водените текови.

- Advertisement -

„Тоалетната хартија треба да се смета за потенцијално главен извор на PFAS, кои влегуваат во системите за прочистување на отпадните води“ велат авторите на студијата.

PFAS се класа од околу 14.000 хемикалии, кои вообичаено се користат за да се направат илјадници потрошувачки производи отпорни на вода, флеки и толина. Се надекуваат и вечни хемикалии затоа што природно не се разградуваат, а се аосицраат и со појавата на рак, компликации кај фетусите, болести на црниот дроб, болести на бубрезите, автоимуни заболувања и други сериозни здравствени проблеми.

- Advertisement -

Студијата била спроведена на 21 главни марки на тоалетна хартија во Северна Америка, Западна Европа, Централна Америка и Јужна Америка, но не ги откриваат брендовите. Брендовите кои користеле рециклирана хартија имаат исто PFAS колку и тие што не користеле таква хартија, вели Џејк Томпсон, гавен автор на студијата и студент на Универзитетот Флорида.

„Се сакам да ја маенувам тоалетната хартија и не велат дека луѓето треба да престанат да користат или да ја намалт количината тоалетна хартија која ја користат. Проблемот е во тоа што успеавме да иденфитикуваме уште еден извор на PFAS и тоа покажува дека ваквите хемикалии се сеприсутни“ додава тој.

- Advertisement -

Откриените нивоа на PFAS се доволно високи за да сугерираат дека хемикалиите се користат во производниот процес за да се спречи лепење на хартиената пулпа за машините, вели Томпсон. PFAS често се користат и за подмачкување во процесот на производство и некои вообичаено се оставаат на или во стоките за широка поторошувачка.

(N1)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -