Во пресрет на сведочењето на извршниот директор на ByteDance, Жу Зи Чу, пред американскиот Конгрес, администрацијата на Бајден врши дополнителен притисок, па сега владата на САД бара ByteDance да го продаде TikTok, барем судејќи според новиот извештај кој го пренесува WallStreet Journal.
Од TikTok потврдија за Reuters дека се наоѓаат под притисок на владата на САД, што е голем удар за ByteDance, кој повеќе од 2 години одржува преговори со американскиот Комитет за странски инвестиции CFIU во врска со својата иднина на американското тло. Тие преговори резултираа со сеопфатно партнерство со Oracle и други мерки за заштита на податоците на американските корисници, но американската влада очигледно не е задоволна со тоа, па CFIU сега сака ByteDance да го продаде TikTok.
Претставничкиот дом и Сенатот неодамна престатвија закони со кои на владините функциониери би им се олеснила забраната за TikTok и другите алатки кои се сметаат за закана по националната безбедност.
Bloomberg неделава веќе пишуваше дека раководителите на TikTok разговараат за можностите за одвојување од ByteDance ако преговорите на CFIU пропаднат.
Ова не е прв пат владата на САД да се обиди да го пртисили ByteDance да го продаде TikTok затоа што истото тоа се обиде да го направи поранешниот претседател Доналд Трамп, но не успеа. Најновите закани со целосна забрана на апликацијата сигурно ќе го зголемат притисокот врз извршниот директор на Жу Зи Чу, кој треба прв пат да се појави во Конгресот идната недела.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)