Тим од научници со помош на податоците на сега веќе пензионираната летачка лабораторија SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy), која всушност е „боинг 747 сп“ со телескоп, направи детална мапа од распореденоста на водата на Месечината.
Истражувањето објавено во списанието The Planetary Science Journal дава нов увид во движењето на водата на површината на Месечината и дава важни податоци потребни за идните мисии на НАСА од програмата Artemis, чија цел е испраќање на астронаути на лунарниот јужен пол.
Телескопот SOFIA претстана да се користи на крајот на 2022 година, главно поради проблеми со буџетот. Овој телескоп беше поставен во адаптиран „боинг 747“, кој леташе на висина до 12.800 метри, што значи дека се наоѓаше над 99,9% од испарувањето ан водата на Земјата затоа инако би се блокирале најголем дел од инфрацрвените зраци кои ги фаќа опсерваторијата.
Новата мапа е направена со помош на собрани податоци за 1/4 од површината на Месечината која е свртена кон Земјата под 60 географска ширина, вклучувајќи го и јужниот пол на Месечината.
„Кога ги гледме податоците за водата, всушност, можеме да ги видиме рабовите од кратерите, па дури и разликите помеѓу дневната и ноќната страна на планините благодарение на поголемата концентрација на вода на овие места“ вели Бил Рич, главен автор на истражувањето.
Со новите податоци научниците успеале да утврдат како водата е поврзана со специфични површински карактеристики на Месечината, како и како ги фаворизира поладните региони и се држи подалеку од сончевата светлина.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)