Rolls-Royce развива нуклеарен реактор за идните бази на Месечината

- Advertisement -

Британската индустриска групација Rolls-Royce објави дека примила 3,3 милиони евра од Британската вселенска агенција за развој на мали нуклеарни реактори потребни за работа на идните базни станици на Месечината.

„Научниците и инженерите на Rolls-Royce работат на програма за микрореактори за да развија технологија која ќе ја осигура потребната енергија за луѓето кои ѓе живеат и ќе работат на Месечината“ вели компанијата во соопштението.

- Advertisement -

Групацијата предвидува дека првиот реактор, голем отприлика колку едно возило, ќе биде спремен за испраќање на Месечината до 2029 година. Педесет години после испраќањето на последната мисија Аполо враќањето на човекот на Месечината е се поизвесно – НАСА објави на почетокот на овој месец дека вселенската мисија Артемис 2 ќе ги однесе астронаутите околу Месечината во ноември 2024 година.

Мисијата Артемис 3, која треба астронаутите да ги спушти на површината на Месеќината, е официјално планирана за 2025 година. НАСА и компанијата Axiom Space пред неколку дена претставија прототип на новата вселенска комбинација.

- Advertisement -

„Нуклеарната енергија има потенцијал во голема мера да го продолжи траењето на идните лунарни мисии и да ја зголеми нивната научна вредност“ велат од Rolls-Royce, кој ќе соработува со неколку британски универзитети, меѓу кои и Оксфорд, на развојот на реакторите.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -