Пoшта ги враќа малите пакети и препорачани пратки за САД

- Advertisement -

Давателот на универзалната услуга – АД„Пошта на Македонија“ – Скопје повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.

За навремено пристигнување пратки во одредишните земји ширум светот, од националната Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската декларација образец CN 22/23. Начинот на пополнување е достапен на веб страната на АД „Пошта на Северна Македонија“).

- Advertisement -

-Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот, велат од националната Пошта во известување објавено на нивната веб страница

Сподели!
- Advertisement -