ЕУ понуди компромис – возила со внатрешно согорување ќе се продаваат и после 2035 година, но под посебни услови

- Advertisement -

Откако Германија одби да го подджи предлогот за целосна забрана на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување после 2035 година, и Европската комисија понуди компромис.

Имено, ЕК предложи дозвола за продажба на возила со внатрешно согорување и после 2035 година ако се климатски неутрални е-горива, покажа документот кој беше објавен вчера, во кој увид имала британската агенција Reuters.

- Advertisement -

Попуштајќи под германскиот притисок, Комисијата сугерира дека таквите возила може да бидат меѓу дозволените од 2035 година натаму под услов новите возила да се опремени со технологија која ќе оневозможи да се користат други горива освен еколошки, се вели во предлогот на Комисијата до германското Министерство за сообраќај.

Министерството во понеделникот соопшти дека преговара со Комисијата за планираната забрана за новите мотори со внатрешно согорување од 2035 година натаму, но дека не можат да кажат кога ќе биде постигнат договор.

- Advertisement -

Нацрт-предлогот, кој Reuters го објави вчера, предлага создавање на нови категории возила во ЕУ кои се движат изклучиво на CO2 неутрални корива. Таквите возила треба да содржат технологија која ќе спречува возење ако се стави друго гориво во возилото. Тоа би вклучувало систем кој ќе спречи стартување на возилото ако се користи гориво кое не е климатски неутрално.

Со тоа на производителите на автомобили ќе им се овозможи да продолжат да произведуваат возила со мотори со вантрешно согорување после 2035 година, рокот кој го зададе ЕУ за забрана на продажбата на нови бензинци и дизелаши.

- Advertisement -

Е-горивата се произведуваат со синтетизирање на заловениот јаглерод диоксид и водородот произведен со користење на електрична енергија, без CO2. Таквите горива уште не се произведуваат во големи количини.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -