Amazon отпушта од работа уште 9.000 луѓе

- Advertisement -

Се до неодамна Amazon, како и многу други технолошки компании, постојано вработуваа нови луѓе и бројот а вработени во компанијата и ви други компании ширум светот порасна на дури 1,5 милиони. Но, последната година ситуацијата радикално се промени – наместо борба за работници, повеќе компании сега масовно отпуштаат вработени.

Тој бран на откази не го заобиколи ни Amazon, кој во јануари отпушти од работи дури 18.000 луше, но нема да застанат на тоа. Како што најавија неделава, со цел кратење на трошоците, најавија откази за нови 9.000 луѓе во одделите работа во облак, огласување и Twitch, но засега не е познато во кои земји вработените ќе останат без работа.

- Advertisement -

Во Twitch, платформата за стриминг која е особено популарна меѓу гејмерите и која Amazon ја купи во 2014 година за околу милијарда долари, без работа ќе останат околу 400 луѓе. Отказите се најавени само неколку дена откако долгогодишниот извршен директор на компанијата, Емете Шир, најави дека ќе ја напушти лидерската позиција во компанијата, а на негова позиција ќе застане Ден Кленси.

„На оние кои ќе бидат опфатени со новиот бран откази сакам да им се заблагодарам за се што направивте во име на нашите купувачи и на целата компанија“ им порача наследникот на Безос.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -