Јужна Кореја ќе го гради најголемото панорамско тркало во светот

- Advertisement -

Јужна Кореја почнува зо конструкцијата на она што ќе биде најголемото панорамско тркало во светот, кое треба да го симболизира обединувањето на корејскиот народ.

Структурата, која е планирано да стои во паркот Ханеул во главниот град Сеул и ќе се вика Seoul Ring, се развива подолго време, но дури неодамна беше избрана точната локација. Според владини извори, Ханеул паркот е значајно локација поради симболиката на порта до Сеул и обединета Кореја, а како географска локација е поблиску до Северна Кореја, што повторно асоцира на хармонијата и реобединувањето на корејскиот народ.

- Advertisement -

Локацијата ќе им овозможи на посетителите да го видат целиот центар на Сеул, како и реката Ханганг и планините Намсан и Букансан. Паркот, исто така, е место на стара депонија, што укажува на целта за еколошка хармонија.

Seoul Ring нема да има традиционална форма на панорамско тркало и ќе користи нова технологија и техники за да осигура футуристички беспрекорен дизајн. Градот Сеул се консултирал со домашни и странски експерти за архитектура и инженеринг за да се осигура безбедна структура и структурен интегритет на дизајнот на Seoul Ring. Ова е доказ за посветеноста на Градот да работи на попрогресивни и покреативни дизајни во соработка со приватниот сектор.

- Advertisement -

Seoul Ring ќе биде наменет за забава, но Градот планира да го користи и како културен комплекс за островот Нанџидо. Паркот е еден од неколку такви кои се наоѓаат на место на поранешна депонија и Градот планира да го интегрира тркалото во идните фестивалски настани.

„Seoul Ring ќе биде изграден на местото на поранешна депонија до 2025 година како симбол на циркуларната економија и климатските мерки за луѓето и природата“ велат од Градот Сеул.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Seoul Metropolitan Government)

Сподели!
- Advertisement -