Од денеска максимум 10 денари јајце, 60 денари килограм ориз

- Advertisement -

Производителите на јајца и ориз, како и другите компании чии производи се продаваат по замрзнати цени, уверуваат дека и покрај загубите што може да ги претрпат, нема да ги остават граѓаните без основна храна.

Домашните јајца и оризот од денеска се продаваат по референтните цени од 15 март. Тоа значи максимум 10 денари за јајце и 60 денари за килограм ориз. Од здружението на земјоделци велат дека на дневна основа успеваат да произведат околу 800.000 јајца и оти тоа е доволно за покривање на потребите на домашниот пазар. Ќе се извезува само вишокот затоа што и на другите пазари има голема побарувачка.

- Advertisement -

„Има голем недостиг на јајца не само на домашниот пазар, туку и во целиот регион и пошироко. Тоа се должи на многу фактори. Еден од нив е птичјиот грип во некои други земји.“

Производителите на ориз пак, стравуваат дека замрзнувањето на цените може директно да ги погоди зашто трговците ќе ги намалат цените и ќе го одложат плаќањето.

- Advertisement -

Од Царинската управа пак, информираа дека во последниве денови имало пораст на извозот на јајца. Имено, во периодот од 17 до 21 март околу 40 отсто од јајцата биле извезени во странство. Од денеска тој процент може да достигне само до 30.

И додека Стопанските комори критикуваат дека цените се вештачки замрзнати и оти Владата треба да ги намали даноците и другите обврски за навистина да им помогне на граѓаните и фирмите, надлежните систематски најавуваат нови анализи за можно замрзнување и на месните производи, но и на овошјето и зеленчукот.

- Advertisement -

Фото – Peakpx

Сподели!
- Advertisement -