Канада лани примила рекордни 1 милион доселеници

- Advertisement -

Популацијата на Канада минатата година по прв пат пораснала за над 1 милион луѓе, изјавија од канадската влада. Бројот на луѓе во земјата се зголемил од 38.516.138 на 39.566.248, покажаа пресметките на заводот за статистика на Канада. Ова истовремено е најголемиот годишен раст на популацијата на земјата од 1957 година досега – 2,7%.

Растот на популацијата делумно се должи на напорите на владата да регрутира мигранти за да го надомести недостигот на работна сила во земјата. Канада, исто така, зависи од мигрантите за да се направи баланс со населението кое старее.

- Advertisement -

Но, од заводот за статистика на земјата велат дека порастот на бројот на постојани и привремени жители исто така може да биде предизвик за некои региони во земјата каде што нема доволно простор за сместување, потребна инфраструктура и транспортни средства.

Интернационалната миграција е одговорна за 96% од растот на популацијата во Канада, се вели во соопштението за јавност. Премиерот Џастин Трудо презеде мерки за да привлече повеќе мигранти откако застана на чело на канадската влада во 2015 година. Минатата година владата најави план за привлекување 500.000 мигранти до 2025 година.

- Advertisement -

Канадската влада, исто така, прима бегалци од конфликти како тој во Украина, хуанитарната криза во Авганистан и земјотресите во Турција и во Сирија. Во средата земјата најави продолжување на програмата за преивремено сместување Икраинци и нивните семејства до јули годинава.

Досега се одобрени над 600.000 апликации за речиси над 1 милион мигрнати во земјата, а во рамките на оваа иницијатива пристигнаа над 130.000 луѓе.

- Advertisement -

Растот на населението во Канада значи дека Канада ќе се најде на прво место од 38 земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој за 2022 година по растот на популацијата, а исто така е и најбрзо растечка земја од G7.

Од канадската влада додаваат дека ако Канада го задржи растот на популацијата од 2,7% секоја година, популацијата ќе се дуплира за 26 години отсега.

(BBC)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -